свет

Канада е првата земја што ги ратификува протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО

„Нивното членство ќе го направи НАТО посилно и ги повикуваме сите членки на НАТО брзо да ги завршат процесите на ратификација за да ги ограничат можностите за мешање од страна на противниците“

Seyit Aydoğan  | 06.07.2022 - Обновена : 07.07.2022
Канада е првата земја што ги ратификува протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО

ТОРОНТО (АА) - Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека Канада е првата земја што ги ратификувала кандидатурите на Шведска и Финска за членство во НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Канада има целосна доверба во способноста на Финска и Шведска да се интегрираат брзо и ефективно во НАТО и да придонесат за колективната одбрана на Алијансата“, изјави Трудо.

„Нивното членство ќе го направи НАТО посилно и ги повикуваме сите членки на НАТО брзо да ги завршат процесите на ратификација за да ги ограничат можностите за мешање од страна на противниците“, додаде тој.

Претставниците од 30-те земји членки на НАТО ги потпишаа пристапните протоколи за Финска и Шведска, откако официјално ги поканија во воената Алијанса на историскиот Самит во Мадрид минатата недела.

Протоколите за пристап треба да бидат ратификувани од парламентите на сите членки. Долниот дом на канадскиот Парламент на 1 и 2 јуни дискутираше и гласаше за предлогот кој ја сигнализира нивната поддршка.

Постојаниот комитет за јавна и национална безбедност на Парламентот во мај усвои предлог со кој се изразува силна поддршка за членството на скандинавските земји во НАТО и ги повика сите членки да ги одобрат нивните барања што е можно побрзо.

„Канада со ентузијазам ги поддржува Финска и Шведска да влезат во НАТО. Утрово бевме првите кои формално го ратификувавме нивниот пристап во Алијансата. Заедно сме посилни“, напиша вчера министерката за надворешни работи, Мелани Џоли на Твитер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.