свет

Израел забрани влез на гориво за единствената електрана во Газа

„[Израелските] окупациски власти забранија влез на 25 камиони со гориво за електраната во Газа“, изјави за АА Рами Абу Елреиш од Министерството за економија

Ekipa  | 25.07.2021 - Обновена : 27.07.2021
Израел забрани влез на гориво за единствената електрана во Газа

ГАЗА (АА) - Израел денес спречи влез на камионите со гориво наменети за единствената електрана во Газа преку преминот „Керем Шалом“, главната комерцијална рута на Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).

„[Израелските] окупациски власти забранија влез на 25 камиони со гориво за електраната во Газа“, изјави за АА Рами Абу Елреиш од Министерството за економија, раководено од Хамас.

Тој истакна дека израелските власти не ја навеле причината за овој потег.

Нема одговор од израелските власти во однос на забраната.

Минатиот месец, Израел дозволи влез на гориво за електраната во Газа по блокада од 49 дена поради 11-дневната воена офанзива врз палестинските територии во мај, во која животот го загубија 260 Палестинци, а илјадници беа повредени. Во ракетните напади од палестинска страна загинаа 13 Израелци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın