Hosni Nedim,Çağrı Koşak
14 Ноември 2024•Ажурирај: 15 Ноември 2024
ГАЗА (АА) - Тројца Палестинци се убиени, меѓу кои и едно девојче, во израелски воздушен напад врз шаторите на раселените Палестинци во бегалскиот камп Бурајџ, кој се наоѓа во централниот дел на Појасот Газа, известува Анадолу.
Бегалскиот камп Бурајџ во градот Деир ал Балах беше цел на израелски воени беспилотни летала, соопштија извори од болницата Загинати херои на Ал Акса.
Според првичните информации, во нападот на шаторите на раселените Палестинци убиени се тројца Палестинци, меѓу кои и едно девојче, а голем број се повредени.
Во Газа, каде Израел продолжува со нападите од 7 октомври 2023 година, раселени се повеќе од два милиони Палестинци.
Шаторите во кои се засолнети раселените цивили, често се мета на израелската армија.