Turgut Alp Boyraz
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелски воен авион изврши напад врз воена база на режимот на Асад во Сирија, како одговор на наводното бомбардирање од територијата на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската армија се наведува дека од Сирија, којашто е зафатена од граѓанска војна, истрелана е артилериска граната којашто паднала во северниот дел од Голанската Висорамнина.
Гранатата паднала во ненаселен простор и нема загинати, ниту повредени, но беше наведено дека Израел одговорил со напад на воена база на сирискиот режим.
Израелската армија во последните седум дена четирипати изведе одмазднички напади кон Сирија, како одговор на ракетите и гранатите истрелани од територијата на оваа земја кон Израел.