Ekip
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша одлука за продолжување на забраната на увоз на храна од Западот за уште 18 месеци, откако ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на Путин денес е објавена одлуката според којашто забраната за увоз на храна од Западот останува на сила до 31. декември 2018 година. Рускиот премиер Димитри Медведев вчера предложи да биде продолжена забраната, велејќи дека тоа ќе помогне во создавањето поттик за руските земјоделци.
Москва предупреди дека забраната, која е воведена во 2015 година, ќе биде укината само доколку САД и ЕУ ги повлечат санкциите наметнати поради руската анексија на Крим и поддршката на сепаратистите во источна Украина.
Предлогот на Медведев за продолжување на забраната за увоз на храна од Западот стигна откако ЕУ во средата објави дека ги продолжува санкциите кон Русија за шест месеци, поради неуспехот на мировните преговори за источна Украина.