Murat Temizer
28 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на изградбата на Турскиот тек и поставувањето на гасоводните цевки во морските длабочини, бродот „Pioneering Spirit“ на 26 август го урна светскиот рекорд, поставувајќи гасоводни цевки во должина од 6,27 километри во еден ден, јавува Anadolu Agency (AA).
Компанијата „Гаспром“ на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави: „Во рамките на проектот Турски тек, бродот „Pioneering Spirit“ на 26 август во еден ден успеа да постави гасоводни цевки во должина од 6,27 километри во морските длабочини, со што го урна светскиот рекорд“.
Турскиот тек се состои од две гасоводни цевки, од кои секоја одделно има капацитет на транспорт од 15,75 милијарди кубни метри.
Едната гасоводна цевка на Турскиот тек ќе се користи за трансфер на руски гас во Турција. Втората гасоводна цевка ќе служи за трансфер на рускиот гас до Европа преку Турција.