Hakan Çopur
19 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Изборниот колегиум на САД составен од 538 членови, електори од сите сојузни американски земји, денес ќе се состане и електорите ќе ги бираат новиот американски претседател и потпретседател врз основа на изборните резултати остварени на 8 ноември оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборниот систем во САД е еден од најсложените во светот, а на ноемвриските претседателски избори, републиканскиот кандидат Доналд Трамп ја славеше победата освојувајќи 306 гласови на делегатите, електори, иако кандидатката на демократите, Хилари Клинтон доби поголем број гласови при броењето на гласачките ливчиња.
Гласањето на електоратот, кое традиционално се одржува шест недели по изборите, во практиката е само формалност, меѓутоа овој пат вниманието на јавноста е поголемо со оглед на тоа што Трамп е победник на претседателските избори според бројот на освоени електори, но не и според бројот на освоени гласови.
Изборниот колегиум денес ќе гласа, а гласовите ќе се пребројуваат на седницата на американскиот Конгрес на 6 јануари, кога американскиот потпретседател во заминување, Џо Бајден ќе и ги соопшти на јавноста резултатите од гласањето.
Трамп во ноемвриските избори освои 306, а неговата опонентка Клинтон 232 делегатски гласови, па се очекува изборниот колегиум да ја потврди победата на Трамп.
Изборниот колегиум се состои од 538 делегати, електори кои од сите сојузнички земји ги номинираат партиите чии кандидати се натпреваруваат на изборите, а секоја држава има веќе утврдена квота на бројот на електори.
Бројот 538, колку што има членови Изборниот колегиум, одговора симболично и на бројот на претставници во двата дома на Конгресот, кој се состои од 438 претставници на Претставничкиот дом и 100 претставници на Сенатот.
Трамп во Изборниот колегиум има 306 електори од Републиканската партија, па се мали шансите најмалку 36 од нив да гласаат за Клинтон и тоа да ги промени резултатите на ноемвриските избори. Досега само еден делегат на Изборниот колегиум, Крис Супрун најави дека нема да гласа за Трамп. Последен пат повеќе од еден електор гласаа за спротивниот кандидат во далечната 1936 година.
Клинтон на ноемвриските избори освои 65,8 милиони гласови, а Трамп 63 милиони, но Трамп доби гласови во „поважните земји“ и собра повеќе електори. Токму бројот на гласови е во фокусот на кампањата што ја води Демократската партија во пресрет на гласањето на Изборниот колегиум. Трамп е петти кандидат во историјата кој е победник на претседателските изботи во САД со помал број гласови од избирачите, а поголем број гласови од електорите.