Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
17 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
ИДЛИБ (АА) - Со доаѓањето на зимата, бегалците во шаторската населба Хирбет ел-Џоз, во западниот дел на Идлиб во Сирија, се соочуваат со тешки животни услови, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 160 шатори живеат околу 200 сириски семејства. Кал, зима, недостаток на храна и огрев се само некои од проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Халил Ебу Бара (58) е еден од жителите на шаторската населба, како што рече, во Хирбет ел-Џоз дошол од Џабал ал-Акрад.
Ебу Бара раскажа дека зимските денови поминуваат многу тешко. Децата, вели, во училиште одат низ кал, а во шаторите каде што престојува целото семејство немаат огрев. Исто така, тој се пожали дека им недостига и храна.
„Патиштата во потполност се во кал, па има проблем во шаторската населба да се достави леб. Немаме огрев“, изјави 58-годишниот Сириец.
Поради дождот и калта, немаат услови за собирање дрва. Ебу Бара ги повика сите луѓе да им помогнат бидејќи секоја помош е добредојдена.