Yasemin Kalyoncuoğlu,Selma Kasap
08 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
АНКАРА (АА) - На виделина излезе дека терористичката организација на ФЕТО, со цел да си овозможи прилив на средства, користи американски, германски и британски компании, со чија помош се појавува на африканскиот континент и во некои земји од Европа и учествува во лажна купопродажба на училишта во тие земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, ФЕТО во Африка и во некои европски земји врши лажна купопродажба преку американски, германски и британски компании или преку државјани од други земји. Утврдено е дека вакво нешто за првпат е направено во Босна и Херцеговина, за компанија поврзана со ФЕТО.
Се вели дека ваквите обиди за измамничка купопродажба на училиштата на ФЕТО воглавно е извршена во земјите како Чад, Сенегал, Буркина Фасо, во кои оваа организација има свои активности.
Во правните документи за купопродажбата на училиштата може да се забележи дека тие им припаѓаат на некои компании или лица во некои други земји, но утврдено е дека тие компании или лица имаат заеднички интереси со организацијата ФЕТО. За да си овозможи материјална придобивка на овој начин, ФЕТО користи американски, германски или британски компании.
За да се докаже лажната продажба, претставниците на Фондацијата Маариф и дипломатските извори остварија средби со високи претставници во земите во кои се направени ваквите лажни продажби.
На средбите со официјалните претставници се истакнува дека ваквите училишта можат да бидат причина за создавање недоверба меѓу земјата-домаќин и Турција, претставниците се информираат дека тие им служат на една терористичка организација и се упатува барање овие училишта да бидат земени под државна капа или да се префрлат под надлежност на Фондацијата Маариф.
Фондацијата го договори префрлувањето под своја надлежност на училиштата на ФЕТО во Сенегал, Мавританија, Чад, Габон, Сао Томе, Буркина Фасо, Пакистан и во Авганистан.
Фондацијата продолжува со своите средби во 17 земји: Босна и Херцеговина, Индија, Албанија, Тајланд, Камбоџа, Турска Република Северен Кипар, Австралија, Данска, Ирак, Молдавија, Саудиска Арабија, Сингапур, Малезија, Франција, Германија, Романија, Судан.
Во блиска иднина, Фондацијата Маариф планира да оствари средби со следните 21 земја:
„Ангола, Азербејџан, Бенин, Џибути, Екваторска Гвинеја, Мароко, Гамбија, Грузија, Јапонија, Камерун, Црна Гора, Либан, Мали, Монголија, Руанда, Судан, Танзанија, Тунис, Етиопија, Уганда и Јордан“.
- Отворање образовни институции
Фондацијата наскоро во Босна и Херцеговина и во Австралија се подготвува да отвори турско училиште. Во тие рамки се планира годишно во 20 земји да се отворат образовни институции.
Во рамките на работата на фондацијата се планира да се отворат женски и машки интернати за турските ученици кои во странство следат настава во високото образование. Ќе бидат организирани образовни и рехабилитациски програми за децата на турските државјани кои живеат во странство.
Според последните податоци, на австралискиот континент постојат 15 училишта на ФЕТО, во Америка, во 9 сојузни држави има 150 училишта, во Африка, во 36 земји има 106 училишта, во 35 земји во Европа, 175 училишта, и во Азија, во 32 земји има 242 училишта, што вкупно изнесува 688 училишта на ФЕТО во 113 земји.