Seyyid Emin
20 Декември 2019•Ажурирај: 21 Декември 2019
ТЕТОВО
Во училиштата на Турската фондација „Маариф“ во Северна Македонија, со свечена програма е прославен 21 Декември - Денот на турското образование.
На свечената програма учество зедоа координаторот за Балкан на Турската фондација „Маариф“, Салих Сагир, директорот на Фондацијата за Северна Македонија, Мустафа Дилиоглу, директорот на Основното училиште „Маариф“ за Тетово, Али Седат Аслан, директорот на Институтот „Јунус Емре“, Серхат Кула, ученици, наставници и голем број гости.
Директорот на училиштето, Аслан, во своето обраќање изјави дека во овој ден исполнет со емоции и значење, сите заедно ја доживеале радоста на празникот.
Нагласувајќи го како најважен и најзначаен ден на Турците во Северна Македонија, Аслан продолжи со зборовите: „Јазикот ја претставува личноста на еден човек, еден од најважните фактори кои го одредуваат неговиот карактер, ако не и најважниот, бидејќи, ние, нашите чувства, нашите мисли ги презентираме со јазикот што сме го научиле од нашите мајки. Најдобро средство за изразување е јазикот што сме го научиле од нашите мајки. Затоа, тоа е најосновно право на секој човек. Нема ништо поприродно од тоа човек да зборува на својот мајчин јазик.“
Аслан рече дека имал можност да се запознае со поетите кои учествувале на натпреварот по повод 21 Декември - Денот на турското образование, организиран од страна на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје и Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), истакнувајќи дека песната што го освоила првото место има големо значење во име на разбирањето на Турците кои живеат на овие простори.
Аслан ги потенцираше зборовите на песната „Мојот турски јазик во наследство“ на младата поетеса Есра Матјан.
Во рамките на програмата беше организирана свечена програма на доделување награди „Оние кои му даваат вредност на турскиот јазик“. Наградата на учител кој му дал значење на турскиот јазик ја доби учителот Илјас Велиу, кој долги години ја извршува својата наставничка професија. Наградата за млад писател кој му дава значење на турскиот јазик му е доделена на Мехмед Ариф.
Учениците што учествува во натпреварот за есеи, организиран од страна на Интернационалниот балкански универзитет (ИБУ), ги прочитаа своите творби.
Во програмата што беше изведена во Основното училиште „Маариф“ во Тетово, учениците читаа песни, есеи, беше изведена играта Зејбек, беа пеени песни и беше изведена кратка претстава.
Во рамките на програмата беше презентирани документарен филм за турскиот јазик и за учениците од Основното училиште „Маариф“ во Северна Македонија.