Ahmet Dursun
04 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
АНКАРА (AA) - Поради инфлацијата и зголемувањето на животните трошоци, во различни ирански градови и понатаму траат протестите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во знак на протестите поради влошувањето на економските услови, одржани се протести во текот на кои дојде до судири на собраните граѓани и припадниците на безбедносните сили.
Демонстрантите во петокот вечерта пешачеа во близина на плоштадот „Велиаср“ во Техеран. Извикуваа слогани, како што наведоа, против режимската власт.
Во текот на демонстрациите приведено е едно лице кое фрли камен на полицаец.
Иран и понатаму се соочува со низа сериозни економски предизвици, вклучувајќи висока стапка на невработеност и слабеење на валутата, поради долготрајните санкции од страна на САД.
Многумина ирански трговски и увозници се соочуваат со потешкотии при добивање девизи, кои им се потребни да ја платат увезената стока.
Протестите почнаа во декември минатата година во Машхад, а потоа се проширија и во Исфахан и во другите ирански градови. Загинаа 25 лица.
Она што особено ја загрижува Владата е фактот што дури 80 отсто од вкупниот извоз на суровата нафта потекнува од нафтените полиња во Басра. Домашното население со години се жали поради тоа што во енергетскиот сектор се вработени странци, а не тоа.