свет

И покрај примирјето, во сириски Идлиб загинаа 50 цивили, мигрираа над 31.000

Според информациите од Канцеларијата за координација на интервенциите на Сирија, од 12 јануари, кога беше прогласено примирјето, досега во деескалационата зона во Идлиб Русија извршила 232, додека Асадовиот режим извршил 89 воздушни напади

Mehmet Burak Karacaoğlu, Eşref Musa  | 21.01.2020 - Обновена : 22.01.2020
И покрај примирјето, во сириски Идлиб загинаа 50 цивили, мигрираа над 31.000

ИДЛИБ (АА) - БУРАК КАРАЏАОГЛУ/ЕШРЕФ МУСА -

И покрај примирјето прогласено во сирискиот град Идлиб, Асадовиот режим, терористичките групи поддржани од Иран, и Русија продолжуваат со напади. Во нападите извршени од 12 јануари, кога беше прогласено примирјето, досега загинаа 50 цивили, додека 31.500 лица се раселени, пишува Агенција Анадолија (АА).

Според информациите до кои дојде новинарот на АА од Канцеларијата за координација на интервенциите на Сирија, од 12 јануари, кога беше прогласено примирјето, досега во деескалационата зона во Идлиб Русија извршила 232, додека Асадовиот режим извршил 89 воздушни напади.

Цел на овие напади биле две училишта, 2 центри на Цивилната одбрана како и други места.

Во нападите на Асадовиот режим, терористичките групи поддржани од Иран, и Русија загинаа вкупно 50 цивили, меѓу кои 13 деца, 3 жени и еден припадник на Цивилната одбрана.

Бројката на лица, кои бегајќи од нападите мигрирале кон камповите долж границата со Турција и во зоните каде што беа реализирани операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ достигна 31.500 лица.

Министерството за одбрана на Русија тврдеше дека примирјето во Идлиб се спроведува почнувајќи од 14:00 часот на 9 јануари, но режимот и терористичките групи поддржани од Иран продолжија со копнените напади.

Од друга страна, Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека на самитот одржан на 8 јануари во Истанбул меѓу претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, е донесена одлука за прогласување примирје во Либија и Идлиб, каде беше упатено апел до страните во оваа насока, и дека примирјето се спроведува почнувајќи од 00:01 часот на 12 јануари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın