Ekipa
11 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, изјави дека еднострано прогласување независност на Каталонија е неодговорно, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Силата на Европа лежи во нејзиното единство и во мирот што го донесе европското единство“, пишува во соопштението на Габриел.
Шефот на германската дипломатија истана дека решението на кризата би можело да биде успешно преку разговори засновани на владеењето на правото и во рамките на шпанскиот Устав.
Шпанската Влада за денес закажа итна седница на којашто ќе се дискутира за следните чекори, за да се спречи продолжувањето на патот кон прогласување независност на североисточниот регион Каталонија.
Седницата ќе биде одржана откако каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон, вчера, во обраќањето во регионалниот парламент изјави дека ќе продолжи со сецесијата, но оти привремено ја суспендира одлуката, со цел да ги олесни преговорите.