Ekip?
13 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
СЕУЛ (АА) - Необично силен земјотрес со јачина од 5,8 по Рихтер утринава го погоди морското дно на Сверна Кореја и веројатно не е предизвикан од нуклеарно тестирање, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејските и јапонските сеизмолози тврдат дека станува збор за потрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер, а од Американскиот геолошки завод наведуваат дека земјотресот бил со магнитуда од 5,8 степени и е најсилниот земјотрес што го погодил тоа подрачје во последните две децении.
Земајќи предвид колку се ретки силните земјотреси на Корејскиот Полуостров, на потресите во и околу Северна Кореја често се гледа со доза на сомнеж поради тоа што претходните нуклеарни тестови на таа земја се сметани за сеизмолошки појави.
Експертите тврдат оти индикаторите укажуваат на тоа дека земјотресот не бил предизвикан од нуклеарниот тест на Северна Кореја, имајќи ја предвид длабочината и локацијата на земјотресот.
„Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од 500 километри. Нема шанси да е предизвикан од нуклеарно тестирање. Тоа е природна појава“, изјави Џон Белини, геофизичар од Американскиот геолошки завод.
Разузнавачката служба на Јужна Кореја во вторникот предупреди дека Северна Кореја се подготвува за извршување на шести нуклеарен тест.