Ekipa
27 Јули 2022•Ажурирај: 27 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 7 степени го погоди денеска регионот Абра на Филипините, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и оштетување на инфраструктурата, објави државната Филипинска новинска агенција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нема информации за жртви, но се очекуваат последователни потреси и материјална штета“, соопшти Институт за вулканологија и сеизмологија на Филипините.
Во соопштение, Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи истакна дека се координира со институциите во регионите на Илокос, долината Кагајан и Централен Лузон, како и регионот на националниот главен град.
„Проценката продолжува, но некои области претрпеа оштетувања на јавните и приватните објекти. Некои области во Кордилерите немаат електрична енергија и интернет. Мониторингот на планинските патишта продолжува“, се додава.