Ali Murat Alhas
28 Ноември 2021•Ажурирај: 29 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала го потресе Перу, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Епицентарот на земјотресот е регистриран на 42 километри северозападно од крајбрежниот град Баранка, на длабочина од околу 112,5 километри.
По земјотресот не е издадено предупредување за цунами, а перуанските власти сè уште не јавија за евентуални жртви.