Mahmut Atanur
21 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
ЏАКАРТА
Земјотрес со јачина од 6,9 степени се случи во индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Заводот за метеорологија, клима и геофизика на земјата.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на отворени води на 171 километар кај местото Ларантука во подрачјето на Источен Флорес.
Досега не се објавени информации околу тоа дали има жртви или материјална штета во земјотресот.
По овој земјотрес, не е даден аларм за цунами.
Инаку, на 19 август се случија два земјотреси со јачина од 6,9 и 6,8 степени во индонезиската покраина Бенгкулу.