Michael Gabriel Hernandez
21 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
ВАШИНГТОН
Соединетите Американски Држави (САД) официјално ја започнаа постапката на повторна примена на санкции на Обединетите нации кон Иран, укинати како дел од техеранскиот Договор за нуклеарната програма од 2015 година со светските сили, изјави државниот секретар Мајк Помпео, јавува Агенција Анадолија (АА).
Помпео на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која може да се види како го предава писмото на претседателот на Советот за безбедност на ОН, Диан Триансјах Џани, односно службено го известува Советот за оваа акција.
Помпео во писмото нагласува дека Иран не успеал да ги исполни условите на Договорот за нуклеарната програма и дека санкциите кои се укинати кон Иран треба да бидат вратени.
Учесниците на договорот ја оспоруваат американската подготвеност да го започне механизмот на враќање на санкциите поради одлуките на претседателот Доналд Трамп еднострано да го напушти договорот во мај 2018 година.
Со писмото кое го испрати Помпео почнува 30-дневното одбројување за враќање на санкциите кон Иран.