Adam Abu-bashal
21 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
КАРТУМ
Бројот на починати поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Африка се зголеми на 27.018, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет-страницата „Worldometer“, во последните 24 часа на овој континент откриени се уште 10.411 случаи со Ковид-19.
Со ова, вкупната бројка на откриени случаи во Африка се искачи на 1.162.148.
Исто така, во последните 24 часа на африканскиот континент починале уште 333 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 27.018.
Најмногу смртни случаи од Ковид-19 на овој континент се регистрирани во Јужноафриканската Република (12.618 смртни случаи), по која следуваат Египет (5.212 смртни случаи) и Алжир (1.411 смртни случаи).
Во Маврициус нема активни случаи, додека во Еритреја и на Сејшелите досега не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19.
Во Африка излекувани се вкупно 884.451 лице од овој вирус.