свет

Земјотрес со јачина од 6,8 степени ја погоди Аргентина

Епицентарот на земјотресот бил 79 километри северозападно од Сан Антонио де лос Кобрес во аргентинската покраина Салта

Muhammed Emin Canik  | 11.05.2022 - Обновена : 12.05.2022
Земјотрес со јачина од 6,8 степени ја погоди Аргентина

БУЕНОС АИРЕС (АА) - Земјотрес со јачина од 6,8 степени ја погоди Аргентина, Јужна Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за геолошки истражувања на САД.

Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил 79 километри северозападно од Сан Антонио де лос Кобрес во аргентинската покраина Салта.

Се истакнува дека земјотресот со јачина од 6,8 степени се случил на длабочина од 193,8 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во Чиле, а по него не било издадено предупредување за цунами.

Досега не е пријавено за жртви или за материјална штета.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın