Alma Çekovic
11 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
ВЕЛИНГТОН (АА) - Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска подрачјето јужно од новозеландскиот Јужен Остров, соопшти Американскиот геолошкиот институт, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот бил на 200 километри северозападно од островот Оукленд, на длабочина од 10 километри.
Нема информации за евентуални жртви или за одредена материјална штета, а од Цивилната заштита на Нов Зеланд соопштија дека не е издадено предупредување за цунами.
Потресот се почувствувал на поширокото подрачје на Јужниот Остров и според зборовите на сведоците траел малку подолго.