Nuri Aydın
14 Мај 2021•Ажурирај: 18 Мај 2021
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди индонезиската покраина Северна Суматра, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Центарот за геолошки истражувања на САД.
Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на 250 километри јужно од подрачјето на Синабанг.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 6,6 степени се случил на длабочина од 10 километри.
Според првичните сознанија, нема жртви или повредени во овој земјотрес.