Zeynep Katre Oran
15 Ноември 2024•Ажурирај: 15 Ноември 2024
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер ја потресе островската држава Папуа Нова Гвинеја, во Океанија, известува Анадолу.
Американскиот геолошки институт (USGS) објави дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала бил недалеку од брегот на градот Кокопо, кој се наоѓа на островот Нова Британија, на истокот на земјата.
Земјотресот бил на длабочина од приближно 51 километар, а по потресот не било издадено предупредување за цунами. Според првичните сознанија, во земјотресот нема човечки жртви или материјална штета.
Папуа Нова Гвинеја се наоѓа во пацифичкиот Огнен прстен, каде што се случуваат повеќето од земјотресите. Станува збор за подрачје со најголема вулканска активност во светот.