Zehra Ulucak
08 Јануари 2019•Ажурирај: 09 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер ја погоди Јапонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 степени се случил 16 километри југоисточно од градот Нишиномоте на островот Танегашима при јапонската префектура Кагошима, на длабочина од 35 километри.
Сѐ уште не се знае дали земјотресот предизвикал нечија смрт или материјална штета.
По земјотресот не се упатени предупредувања за цунами.
Новинската агенција „Кјодо“ соопшти дека јачината на земјотресот била 6,4 степени.