ВАШИНГТОН (АА) - Поддршката која некогашниот американскиот претседател Барак Обама ја даде на терористичката организација ЈПГ/ПКК за да ги прикрие политичките и воените неуспеси во Сирија стана неизоставна стратегија на САД, што сепак предизвикува чудење и енигма за тоа како една демократска земја прифатила терористичка организација за партнер, јавува Anadolu Agency (AA).
Односите на САД со ЈПГ/ПКК, продолжената рака на ПКК во Сирија, започнаа кон крајот на 2014 година со поддршката преку воздушните удари, која САД првпат ја упатија на оваа терористичка организација во Кобани.
Обама, тогашниот претседател на САД, подоцна, освен воздушна поддршка, нареди на оваа организација, која терористичката организација ДЕАШ моментално ја загрози во Кобани, по воздушен пат да ѝ се достави оружје и муниција.
Американската војска подоцна помошта во оружјето на оваа организација ја виде како рутинска задача, но Пентагон, сепак, долго време потоа ги негираше тврдењата дека ЈПГ/ПКК пружа помош на вооружувањето.
Обама во септември 2015 година соопшти дека ќе соработува со локалните партнери откако е завршена програмата за пружање обука на силите на опозицијата во Сирија.
Поддршката на ЈПГ/ПКК, под покровителство на Централната команда на американската војска (CENTCOM) е спроведена под измислена „Сириско-арапска коалиција“, за која претходно воопшто не се знаеше во јавноста.
Пентагон упорно тврди дека камионите со оружје кои се пратени во Сирија, одат во рацете на „Сириско-арапската коалиција“, а не на ЈПГ/ПКК, но таквите тврдења не беа уверливи ниту за турските, ниту за американските медиуми.
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ направи истражување во кое наведе дека „Сириско-арапската коалиција“ се состои само од имиња, додавајќи дека во тој регион, освен ЈПГ/ПКК, не се наоѓа друга организација со која САД имаат партнерски однос.
„Сириско-арапската коалиција“ се заборави по формирањето на СДФ -
ЈПГ/ПКК, со поддршка на САД се ширеше сѐ повеќе на сириската територија каде што освен Курдите живеат и Арапи и Туркмени, а на препорака на САД формираше и „параван-организација“ на Сириските демократски сили (СДФ).
Кратко, откако беа формирани Сириските демократски сили, „Сириско-арапската коалиција“ беше потполно заборавена.
Сѐ додека актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, во мај 2017 година не издаде наредба на ЈПГ/ПКК директно да се испорача оружје, Пентагон настојуваше помош во вооружувањето да се пружа на „Сириско-арапската коалиција“, под покровителство на Сириските демократски сили.
По наредбата на Трамп која се однесуваше на операцијата во Рака, американските официјални претставници веќе ниту еднаш не ја споменаа „Сириско-арапската коалиција“.
- Изјави на американските официјални претставници за ПКК -
Американската администрација, односите со терористичката организација ЈПГ/ПКК ги опиша како „условени“, „ограничени“ и „привремени“, тврдејќи дека оружјето кое го праќале не е испорачано на ПКК, за нивната продолжена рака да го користи против Вооружените сили на Турција (ТСК).
Поранешната портпаролка на Стејт департментот, Хедер Нојерт, изјавуваше дека САД, ЈПГ не ја сметаат за продолжена рака на ПКК, ниту за терористичка организација, но изјавите на американските официјални претставници и документи на американските институции, сепак ја докажаа неоснованоста на ваквите тврдења.
Така Националниот центар за борба против тероризам на САД, на листата на терористички организации ги стави и ЈПГ и ПЈД, како ограноци на ПКК во Сирија.
По прашањата на АА во врска со тоа, Националниот центар за борба против тероризмот, делот кој се однесува на ЈПГ/ПКК го отстрани од официјалната интернет-страница.
Освен тоа, АА дојде и до извештај на Инспекцискиот совет за активностите на Пентагон во Сирија, во кој се зборува за односот на терористичките организации ЈПГ и ПЈД со ПКК.
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), во извештајот од 2018 година, исто така наведе дека ЈПГ и ПЈД се ограноци на ПКК во Сирија.
Поранешниот американски министер за одбрана, Ештон Картер, во 2016 година во обраќање на Сенатот призна дека ЈПГ е огранок на ПКК во Сирија, а истото го изјавија и уште некои високи американски официјални претставници.
Командантот на американските Сили за специјални операции (USSOF), генералот Рејмонд Томас, истакна дека САД треба да ѝ дадат ново име на ЈПГ, и го предложи називот „Сириски демократски сили“ (СДФ).
Тој истакна дека го изнел таквиот предлот за Турција да не се противи на праќањето помош во вооружување на таа организација.
- Наместо прекинување со помошта, САД се обидоа од ЈПГ/ПКК да направат војска -
Според документите на Пентагон до кои дојде новинар на АА, САД во буџетот за 2017 година издвоиле 500 милиони долари за помош на терористичката организација ЈПГ/ПКК, а во буџетот за 2018 година и 50 милиони долари повеќе.
Во ставките во буџетот за 2017 година, со предвидените половина милијарда долари на ЈПГ/ПКК е ветена артилерија и тон муниција, меѓутоа, од Пентагон официјално тврдат дека тоа е буџетски план, кој не мора нужно да биде имплементиран.
Пентагон во повеќе наврати вети дека по завршувањето на борбата против терористите на ДЕАШ, ќе запре со помошта на терористите на ЈПГ/ПКК и дека ќе го повлече сето тешко вооружување кое го дале на таа организација.
Откако ја окупираа Рака, терористите на ЈПГ/ПКК започнаа со напади во Деир ез Зор, а официјалните претставници на САД наведоа дека во таа фаза нема да ја повлекуваат артилеријата, туку дека ќе ја продолжат поддршката на ЈПГ/ПКК сѐ додека трае борбата против ДЕАШ.
Во тој период се огласи и меѓународната коалиција која во борбата против ДЕАШ во Сирија ја предводат токму САД.
Поранешниот портпарол на коалицијата, Рајан Дилон, најави дека на североисточниот дел на Сирија, кој е под окупација на терористите на ЈПГ/ПКК, ќе бидат формирани т.н. Сили за безбедност на границите кои ќе вбројуваат до 30.000 војници.
Дилон изјави дека 15.000 припадници на тие сили би биле од редот на т.н. Сириски демократски сили (СДФ), а кои се плаштот под кој дејствуваат терористите на ЈПГ/ПКК. Втората половина на планираните погранични сили би била дополнително ангажирана.
Оваа најава предизвика остри реакции, првенствено од Турција. По турските забелешки, од САД рекоа дека идните сили не се планирани за безбедност на сириско-турската граница, туку дека се планирани како сили кои ќе се грижат за внатрешната безбедност во тој дел на Сирија.
Репортер на АА дојде до документи на Пентагон кои го разоткриваат скриениот американски план.
Во буџетот за 2018 година, Пентагон одвои 300 милиони долари за вооружување на терористите на ЈПГ/ПКК, а 250 милиони долари се предвидени за потребата на мерките на пограничната безбедност.
Без оглед на тоа што официјален Вашингтон негира дека тие средства дошле во рацете на терористите на ЈПГ/ПКК, сѐ уште повремено се споменува планот за формирање посебна војска на североисточниот дел на Сирија.
Началникот на Генералштабот на американската војска, Џозеф Данфорд, минатиот месец на еден панел изјави дека САД планираат да извршат обука на војската која на североисточниот дел на Сирија ќе вбројува меѓу 30.000 и 45.000 припадници и додаде дека досега се обучени 20 отсто од персоналот.
- САД не ги исполнија ветувањата дадени на Турција -
САД не го исполнија ветувањето дека ќе го повлечат тешкото вооружување дадено на терористите на ЈПГ/ПКК, како што не го исполнија ниту ветувањето за повлекување на терористите од Мунбич, кој се наоѓа на брегот на реката Еуфрат.
Пентагон крие количество вооружена помош за терористите на ЈПГ/ПКК, но турската страна дојде до податоци дека на североисточниот дел на Сирија се доставени повеќе од 4.000 шлепери американско оружје.
По завршувањето на операцијата во Рака, САД најавија ревидирање на помошта на терористите на ЈПГ/ПКК, но во овој контекст никогаш не е сторено ништо.
Со поддршката на Американците, терористите на ЈПГ/ПКК преминаа на западниот брег на Еуфрат и го окупираа градот Мунбич. Од Вашингтон е дадено цврсто ветување дека терористите ќе бидат отстранети од тој регион.
Дури Централната команда на американската војска (CENTCOM) и командата на проамериканската коалиција за борба против ДЕАШ објавија по едно соопштение во кое изразуваат задоволство поради наводното повлекување на ЈПГ/ПКК од Мунбич.
Ситуацијата на терен е потполно поразлична бидејќи терористите останаа во тој регион и ја презедоа локалната управа.
По успешните операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, Турција најави операција на ослободување на Мунбич, што многу ги вознемири САД.
Во јуни минатата година САД и Турција постигнаа договор за мапата на патот за решавање на ситуацијата во Мунбич. Во согласност со овој договор, турските и американските сили најавија заедничко патролирање во регионот, отстранување на терористите на ЈПГ/ПКК, а локалната власт од терористите да ја преземе локалното население.
Првобитно беше најавено дека договорот ќе биде имплементиран во период од 90 дена, но тоа не се случи. Терористите на ЈПГ/ПКК и понатаму го држат градот под окупација и копаат ровови и тврдини.
- Реакции на одлуката на Трамп за повлекување од Сирија -
Американскиот претседател Доналд Трамп во повеќе наврати најавуваше дека ќе ја повлече војската од Сирија, а таквата одлука ја соопшти по минатомесечниот телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган.
Официјален Вашингтон со негодување ја дочека одлуката на Трамп, а во Пентагон таа предизвика бура негодувања.
Неколку високи официјални претставници на САД, вклучувајќи го и сенаторот од Каролина, го обвинија Трамп дека ги остава на цедило терористите на ЈПГ/ПКК, а со кои се бореше против терористите на ДЕАШ.
Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, поднесе оставка откако Трамп најави повлекување од Сирија. Следуваа оставки на голем број службеници на Пентагон. И американските медиуми водат кампања против оваа одлука на Трамп.
Некои извори првично јавија дека повлекувањето на американската војска од Сирија би требало да биде завршено во рок од максимално три месеци, но по интензивните притисоци Трамп пред два дена изјави дека тоа ќе биде долгорочен процес.
Трамп под притисок го промени тоналитетот со кој претходно го најавуваше повлекувањето на војската. По состанокот во Белата куќа, Трамп минатата недела на сенаторот Грахам му вети дека ДЕАШ ќе биде поразена, а ЈПГ/ПКК ќе биде заштитена пред какво било повлекување од Сирија.
И самиот Трамп изјави дека американската војска нема вечно да остане во Сирија, а дека сака да ги заштити Курдите. Изјави дека не дал никакви временски одредници кога станува збор за враќањето на американските војници од Сирија.
news_share_descriptionsubscription_contact
