Ekipa
25 Јуни 2018•Ажурирај: 26 Јуни 2018
АТИНА (AA) - Грчките власти соопштија дека силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, но не се пријавени повредени, ниту материјална штета, јавува Anadolu Agency (AA).
Геодинамичкиот институт на Универзитетот во Атина објави дека земјотресот се случил во 8:14 часот изутрина по локално време во југозападниот дел на Пелопонез, на длабочина од 10 километри.
Грција се наоѓа во географска област која е најзафатена со земјотреси. Повеќето земјотреси дури и не се чувствуваат, а оние што предизвикуваат сериозна материјална штета или губење животи се ретки.
Во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала кој ја потресе Атина во 1999 година, настрадаа 143 лица.