Mahmut Atanur
01 Март 2019•Ажурирај: 02 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер го погоди индонезиското подрачје на Сулавеси, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заводот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 123 километри североисточно од островите Сангихе при покраината Северен Сулавеси, на длабочина од 180 километри.
По земјотресот не е даден аларм за цунами, а сè уште не е дадена изјава за можни жртви или штети.
Инаку, во земјотресот со јачина од 7,5 степени кој се случи на 28 септември 2018 година во Индонезија, и цунамито што се случи по овој земјотрес, загинаа 4.340 лица.