Muhammed Yasin Güngör
02 Мај 2025•Ажурирај: 04 Мај 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погоди јужниот дел на Аргентина, соопшти Американскиот геолошки завод, јавува Анадолу.
Земјотресот се случил 219 километри јужно од Ушуаја, јужна Аргентина, во 9:58 часот наутро по локално време на длабочина од 10 километри, според првичната проценка на Заводот.
Засега не се пријавени жртви, ниту е издадено предупредување за цунами.