Islam Uddin
31 Мај 2023•Ажурирај: 02 Јуни 2023
АНКАРА (АА) - Силен земјотрес го потресе јужниот брег на Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт, пренесува Анадолу.
Според американскиот Институт, земјотрес со магнитуда од 6,2 степени според Рихтеровата скала ги погодил Окландските Острови.
Новозеландската агенција за мониторинг „GeoNet“ соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 6 степени, со епицентар на 450 километри јужно од островот Стјуарт, во близина на зоната на субдукција Пујсегур.
Нема издадено предупредување за цунами или предизвикана штета во погодените области.
Нов Зеланд се наоѓа во сеизмички активен регион и секоја година доживува неколку посилни земјотреси.
Последниот голем земјотрес во земјата беше земјотресот во Крајстчрч во 2011 година, што беше со магнитуда од 7,1 степен. Во потресот загинаа 185 луѓе, а беше предизвикана и голема материјална штета во Крајстчрч и околните области.