Zehra Ulucak
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
АНКАРА
Американската Сојузна држава Аљаска ја потресе земјотрес со интензитет од 7,8 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Центар за геолошки истражувања на САД (USGS), епицентарот на земјотресот се наоѓа 99 километри југоисточно од порачјето Перивил, на длабочина од 10 километри. По земјотресот е дадено предупредување од можно цунами.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета од земјотресот.