Recep Şakar
10 Септември 2018•Ажурирај: 11 Септември 2018
МЕЛБУРН (АА) - Нов Зеланд го потресе земјотрес со интензитет од 6,9 степени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил 775 километри североисточно од градот Оукленд, во близина на островите Кермадек, на длабочина од 111 километри.
По земјотресот, Центарот за предупредување од појава на цунами во Пацификот информираше дека во подрачјето нема опасност од појава на цунами.
Од друга страна, по земјотресот што го погоди подрачјето во близина на Соломонските Острови со интензитет од 6,5 степени, дадено е предупредување од можна појава на цунами, но нема информации за можни штети.
На Нов Зеланд и Соломонските Острови, кои се дел од земјите во таканаречениот „Огнен појас“ на Тихиот Океан, покрај вулкански ерупции, често се случуваат и земјотреси.