Ömer Faruk Yıldız
07 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Филипинската провинција Давао, сместена во јужниот дел на земјата, ја потресе земјотрес со интензитет од 6,3 степени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот на науки за вулкани и земјотреси на Филипините објави дека епицентарот на земјотресот бил во градот Магсајсај, на длабочина од 15 километри, во 12:22 часот по локално време.
Земјотресот бил почувствуван и во градовите Бансалан, Кидапаван и Дигос од провинцијата Давао.
По земјотресот е дадено предупредување за можни последователни потреси, но е соопштено дека не постои опасност од цунами.
Во земјотресот нема човечки жртви.