Ekipa
10 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
ЗАМБОАНГА СИТИ (AA) - Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер утринава го погоди регионот Лејте на Филипините, а поради страв се онесвестија најмалку 50 ученици од центарот за средношколци во Oрмок, јавува Anadolu Agency (AA).
Епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на градот Oрмок, а станува збор за дополнителни потреси на земјата по земјотресот што се случи минатата недела во тој регион, во којшто загинаа најмалку две лица.
Тресењето на тлото предизвика голема паника и шок меѓу учениците од центар за средношколци во Oрмок.
Најмалку 50 ученици се онесвестија, поради што им беше укажана помош од страна на голем број медицински екипи.
Земјотресот беше почувствуван во неколку града, а Институтот за сеизмологија на Филипините од четвртокот регистрираше повеќе од 500 земјотреси.
Најсилниот земјотрес со јачина од 6,5 степени се случи во четвртокот, кога загинаа најмалку две лица, а беа повредени повеќе од 200 луѓе. Материјалната штета допрва треба да се утврди.