Şerife Çetin
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
БРИСЕЛ (AA) - Во заедничко соопштение на членките на Европската Унија (ЕУ), Франција, Велика Британија и Германија, во врска со новиот пакет на американските санкции кон официјален Техеран, порачано е дека ЕУ решително ќе ги штити европските компании кои работат со Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлучни сме во заштита на европските компании кои работат со Иран во согласност со законите на ЕУ и со одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации“, наведено е во соопштението.
Министрите на земјите на групата 5+1 (САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција и Германија) во Виена во 2015 година потпишаа договор со Иран кој на сила стапи на 16 јануари 2016 година.
По повлекувањето на Соединетите Американски Држави од договорот за иранската нуклеарна програма, земјите членки на ЕУ објавија заедничко соопштение во кое е изразено жалење поради ваквите одлуки на Вашингтон.
Според соопштението, од утре на сила ќе стапи и новиот правилник на ЕУ кој има за цел заштита на европските компании.
Во соопштението е истакнато и дека Иран, според досега сочинетите 11 извештаи на Меѓународната агенција за атомска енергија (UAEA), ги исполнуваше одредбите од претходно потпишаниот договор.
Откако американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека неговата земја се повлекува од договорот со Иран, Стејт департментот објави дека првата етапа на санкциите на Иран на сила стапува на 6 август 2018 година, а втората на 4 октомври истата година.