Nazir Aliyev Tayfur
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина Владимир Зеленски истакна дека ќе дојде време кога секој граѓанин на Русија ќе ја дознае целата вистина за тоа кој ги извршил воените злосторства во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за 40-тиот ден од руско-украинската војна, Зеленски наведувајќи дека во неговата земја цивилите се киднапирани, мачени и убиени рече: „Ќе дојде време кога секој граѓанин на Русија ќе ја дознае целата вистина за тоа кој извршил воени злосторства.“
Нагласувајќи дека тие ќе утврдат кој ги извршил масакрите во земјата и дека тоа ќе го обелоденат пред светската јавност, Зеленски додаде дека имаат многу докази дека руските војници ги уништуваат мирољубивите градови.
Меѓу другото Зеленски додаде дека ќе им биде овозможат максимален пристап на стотици новинари од целиот свет за да видат што се случувало во Буча и другите ослободени градови во Украина.