Nazir Aliyev Tayfur
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
КИЕВ (АА) - Алексеј Арестовиќ, советникот на украинскиот претседател соопшти дека ја оштетиле руската фрегата „Адмирал Есен“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена на дневниот брифинг, Арестовиќ истакна дека благодарение на храброста и искуството на украинските вооружени сили, оштетена е фрегатата „Адмирал Есен“ на руската флота.
Фрегатата „Адмирал Есен“ која е дел од руската морнарица во Црното Море, го привлече внимание со ракетите „Калибр“ кои ги истрела за време на воената операција во Сирија.