Burak Dağ
02 Октомври 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Украинскиот град Лиман во регионот Доњецк е целосно исчистен од руски војници, изјави денес претседателот на Украина, Владимир Зеленски, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Од 12:30 часот, Лиман е целосно расчистен“, објави државната новинска агенција Укринформ цитирајќи го видеобраќањето на Зеленски.
Синоќа, украинскиот претседател рече дека додека „украинското знаме веќе e [се вее] во Лиман, во Доњецкиот Регион“, борбите продолжуваат во пристанишниот украински град.
Украинските војници почнаа пробив во градот вчера, според Министерството за одбрана на земјата.
Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека „сојузничките трупи“ - руската Војска и сепаратистичките сили од регионот - се повлекле во „поповолни“ области од пристаништето Красни во самопрогласената Народна Република Доњецк поради „опасност од опколување“.