Ali Cura
03 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
КИЕВ (АА) ‒ Украинскиот претседател Владимир Зеленски утринава изјави дека речиси 9.000 руски војници се убиени од почетокот на војната во земјата пред една недела, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За една недела беа убиени околу 9.000 Руси. Во насока на Миколаев мораа да однесат 200-300 руски војници, на возраст од 19-20 години, со десетици хеликоптери“, рече Зеленски во обраќањето до нацијата.
„Каде и да одат, ќе бидат уништени. Напаѓачите ќе го добијат својот одговор од Украинците“, рече Зеленски, додавајќи дека ова е „патриотска војна“ за Украинците.
Истакнувајќи дека Украинците со голи раце ги избркале напаѓачите од нивните градови, тој додаде: „Искрено, им се восхитувам на Украинците. Без милост ќе ги избркаме [Русите]... Тие не се борци за државата. Тие се искористени, изгубени деца.“
„Ги попречивме нивните планови кои беа подготвувани со години. Повеќе напаѓачи бегаат од нас кон нивните домови“, рече тој.
Истакнувајќи дека секој напаѓач треба да знае дека ќе добие жестоко одбивање од Украинците, Зеленски рече дека нема да се откажат и дека Русите ќе го паметат ова засекогаш.