свет

Зголеменото ниво на реката Ганг во Индија предизвикува опасност од поплави и евакуација на населението

- Снимки од теренот покажуваат дека надојдената река поплавила неколку платформи, меѓу кои и познатата Маникарника Гат – едно од главните места за хиндуистичките кремирања.

Aida Cako  | 04.08.2025 - Обновена : 04.08.2025
Зголеменото ниво на реката Ганг во Индија предизвикува опасност од поплави и евакуација на населението

СКОПЈЕ (АА) - Зголеменото ниво на реката Ганг во Варанаси, индиската држава Утар Прадеш, вчера предизвика значителна опасност од поплави во ниските делови на градот, поради што локалните власти започнаа со евакуација на населението кон безбедни зони, јавува Анадолу.

Снимки од теренот покажуваат дека надојдената река поплавила неколку платформи, меѓу кои и познатата Маникарника Гат – едно од главните места за хиндуистичките кремирања.

Како мерка на претпазливост, полицијата ги огради сите платформи, а познатите церемонии Ганга Аарти, кои се одржуваат секојдневно покрај реката, беа преместени на повисоки платформи покрај брегот.

Поплавен е и полицискиот пункт на реката кај платформата Дашашвамедх, што предизвика прекин на редовните патроли по реката.

Иако моментното ниво на водата се приближува до критичната граница, сепак останува под рекордното ниво од 73,90 метри забележано за време на големата поплава во 1978 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın