свет

Зариф го обвини Помпео за предизвикување војна: „Би било добро да не дојде до тоа“

Иранскиот министер ги прокоментира наводите на Помпео кој го обвинува Иран за нападот на саудиските нафтени постројки на „Арамко“

Ahmet Dursun  | 19.09.2019 - Обновена : 21.09.2019
Зариф го обвини Помпео за предизвикување војна: „Би било добро да не дојде до тоа“

АНКАРА (АА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џавад Зариф, го обвини американскиот државен секретар Мајк Помпео дека се обидува да го залаже и вовлече во војна претседателот Доналд Трамп, и порача дека оние кои посакуваат војна, за свое добро треба да се молат да не дојде до тоа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Зариф на Твитер ги прокоментира наводите на Помпео кој го обвинува Иран за нападот на саудиските нафтени постројки на „Арамко“ (Aramco), односно претставувањето на тој напад како причина за избивање на војна.

Тој нагласи дека Помпео предизвикува војна против Иран.

„Остатоците на тимот Б и неговите амбициозни сојузници се обидуваат да го измамат Доналд Трамп и да го вовлечат во војна. За свое добро би требало да се молат да не дојде до тоа што го посакуваат. Поради својата арогантност, тие уште ја плаќаат цената во војната против Јемен, која не успеаја да ја завршат пред четири години, а кој е многу помал од Иран“, порача Зариф.

Шефот на иранската дипломатија на Твитер сподели и видеозапис од обраќањето на Помпео на Универзитетеот во Тексас „А&M“, каде што говори: „Јас бев директор на ЦИА. Лажевме, правевме измами и крадевме.“ Зариф остави и на тоа свој коментар:

„Старите навики очигледно не си одат толку лесно. Лагите и измамите, додворувањето на странските купувачи кои не ги интересира пролиената крв и потрошувачката од јавниот трезор, овие дена достигна едно многу повисоко ниво.“

Во саботата наутро беа изведени напади врз две постројки на саудиската национална нафтена компанија „Арамко“. Иако јеменските бунтовници, Хусите, ја презедоа одговорноста за нападите, САД тврдат дека зад нив стои Иран. Таквите обвинувања ги отфрли официјален Техеран.

Нападот врз саудискиот нафтен комплекс, кој чини 5 отсто од вкупното светско производство на нафта, го осудија голем број меѓународни организации и држави, меѓу кои и ОН, ЕУ, Турција и САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.