Mahmut Geldi
19 Септември 2019•Ажурирај: 19 Септември 2019
БЕЈРУТ (АА) - Либанскиот министер за одбрана, Илјас Ебу Сааб, изјави дека израелските беспилотни летала кои го нарушуваат воздушниот простор на неговата земја го загрозуваат цивилното воздухопловство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана, Ебу Сааб, на прес-конференција во главниот град на Бејрут зборуваше за беспилотните летала на Израел кои на 25 август паднаа во јужниот дел на Бејрут, познат како центар на Хезболах.
Ебу Сааб истакна дека беспилотните летала што паѓаат во Бејрут се најопасните прекршување на Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации од 2006 година кога започна војната меѓу Израел и Хезболах.
„Во последните два месеца Израел изврши 480 прекршувања на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Најопасни од нив беа беспилотните летала со експлозиви кои преминуваат во јужното предградие на Бејрут, загрозувајќи ја Цивилната авијација на Меѓународниот аеродром „Рефик Харири““, рече Ебу Сааб.
Ебу Сааб, наведувајќи дека едното од двете беспилотни летала кои паднале во регионот, носело 4,5 килограми пластичен експлозив, а другото летало било со 4 крила и 8 мотори, рече: „Беспилотните летала кои паднаа во јужното предградие на Бејрут беа воени летала кои планираа напад врз центарот на градот Бејрут. Беспилотните летала не беа за снимање, туку за напади.“
Либанскиот министер за одбрана истакна дека неговата земја веќе се наоѓа во позиција на самоодбрана.
- Во Бејрут паднаа израелски беспилотни летала
Во јужното предградие на главниот град Бејрут, познат како центар на Хезболах, во текот на ноќта на 25 август паднаа две израелски беспилотни летала.
Генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насралах, во изјавата истакна: „Настанот што се случи во ноќните часови беше камикаѕе напад со беспилотно летало насочен на локација јужно од Бејрут. Ова е прва акција на непријателот што ја презеде од 14 август 2006 година.“
Забележувајќи дека беспилотните летала не били соборени од нивна страна, Насралах се закани дека од сега понатаму ќе се обидат да ги соборат сите израелски беспилотни летала што ќе влегуваат во воздушниот простор на Либан.
Израелските беспилотни летала, воените авиони и борбените чамци често ги кршат либанските граници. Либанските власти во секоја пригода пред ОН се жалат за овие прекршувања.