Islam Uddin
21 Август 2024•Ажурирај: 27 Август 2024
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 35 пакистански аџии загинаа, а 15 се повредени при превртување на автобус на контролен пункт во Иран, јавува Анадолу.
Несреќата се случила во иранскиот град Јазд, пренесе државното радио Пакистан.
Повредените, од кои повеќето потекнуваат од Ларкана, Готки и други градови во јужната пакистанска покраина Синд, се пренесени во локалните болници.