Ali Cura
15 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
МОСКВА (АА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, истакна дека оваа година ќе бидат потрошени околу 21 милијарда и 500 милиони долари за опремување на руската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Шојгу на состанок во Министерството за одбрана говореше околу трошоците за војската за 2019 година.
„За Вооружените сили на Русија во 2019 година е предвиден буџет од над 1 трилион и 440 милијарди руски рубли (околу 21 милијарда и 500 милиони долари)“, рече Шојгу, додавајќи дека за купување на новодизајнирано оружје се одвоени 71 отсто од овој буџет кој ќе биде потрошен со цел стапката на модерно оружје во војската до 2019 година да достигне до 67 отсто.
Шојгу истакна дека до 2020 година стапката на модерното оружје и воената опрема во руската војска треба да достигне до 70 отсто.