Sinan Doğan
26 Декември 2020•Ажурирај: 28 Декември 2020
БОГОТА
Осум лица се убиени за време на божикните прослави во колумбискиот главен град Богота, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави весникот „Ел Тиемпо“ („El Tiempo“), во различни делови од Богота убиени се 8 лица за време на божикните прослави.
Претставниците на власта соопштија дека во споредба со минатогодишната прослава на Божик, забележан е пад на процентот на убиства за 76%.
Во исто време, иако како превенција од ширењето на новиот тип коронавирус во Богота е воведена забрана за излегување на улица, 1.202 лица се парично казнети поради прекршување на воведената мерка.
Од друга страна, Колумбијците ја поминаа прославата на божикните празници оваа година во своите домови поради забраната за излегување на улица, што беше воведена на ниво на целата земја.
Колумбија, со популација од 50 милиони луѓе, има повеќе од 1.574.700 лица позитивни на коронавирусот.