Şerife Çetin
09 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Повеќе од половина од жителите на шест земји-членки на Европската Унија (ЕУ) имаат сериозни проблеми во покривањето на здравствените трошоци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според последните податоци на Еуростат (Eurostat), над 50 отсто од жителите на земјите-членки на ЕУ - Грција, Унгарија, грчката администрација на Јужен Кипар, Латвија, Словачка, и Италија - се соочуваат со сериозни проблеми во однос на покривањето на своите здравствени трошоци.
Според овие податоци, 90 отсто од жителите на Грција се соочуваат со тешкотии во покривањето на тие трошоци, додека оваа стапка во Унгарија изнесува 74 отсто, во грчката администрација на Јужен Кипар 72 отсто, во Латвија 64 отсто, а во Италија изнесува 56 отсто.
Се вели дека 29 отсто од земјите-членки ширум Европа се соочуваат со тешкотии во покривањето на овие трошоци.
Од друга страна, се истакнува дека 80 отсто од жителите на земјите-членки на ЕУ меѓу кои Финска, Велика Британија, Германија, Шведска, Данска, Литванија, и Луксембург, немаат никакви проблеми во покривањето на здравствените трошоци.