Ekip
15 Април 2025•Ажурирај: 17 Април 2025
МАНДАЛЕЈ (АА) - Жителите на Мандалеј се соочуваат со тешките последици од силниот земјотрес со интензитет од 7,7 степени што ја погоди централната област на Мјанмар кон крајот на минатиот месец, оставајќи зад себе огромни штети и разурнати населени места, јавува Анадолу.
Снимките ја прикажуваат големината на уништувањето - оштетени згради, урнатини и напорите за расчистување кои сè уште траат.
Земјотресот што го погоди Мјанмар на 28 март однесе повеќе од 3.600 човечки животи, додека многу луѓе се водат за исчезнати или се повредени, информираа државните власти.