ИДЛИБ (АА) - Бурак Караџаоглу/Саид Ибиџиоглу - Жените, кои се наоѓаат меѓу жртвите на граѓанската војна, која трае веќе седум години во Сирија, и биле илегално задржани во затворите од Башар Асадовиот режим во Сирија, и таму биле измачувани и силувани, во разговор со новинарите на Anadolu Agency (AA), го раскажаа она што го доживеале.
Според информациите до кои дојде Сириската мрежа за човекови права (СНХР), од регистрираните притворања, најмалку 8.633 жени се наоѓаат во центрите за притвор на конфликтните страни, од кои најмалку 7.009 се задржани во затворите на Асадовиот режим, без да бидат судени.
Податоците на СНХР покажуваат дека силите на режимот се вмешани во 7.699 случаи на силување на најмалку 864 жени и 432 девојчиња под 18 години, кои се наоѓаат во центрите за притвор. Но, се знае дека вистинската бројка на притворените и силувани жени е многу поголема.
Причината за тоа е дека повеќето од притворањата не се регистрирани, додека жените, жртви на силувања, се принудени да останат неми за тоа.
- „Шест лица пред очите на сите го силуваа девојчето од деветто оделение“
Ум Мухамед, која живее во Источна Гута во Дамаск, покривајќи го своето лице, раскажа дека во 2012 година, во времето кога одела на работа, била присилно одвлечена во едно возило, а потоа била пренесена во центарот за притвор каде што била претепана.
Како што рече Ум Мухамед, трипати била судена, а потоа била ставена во една соба, заедно со седум други притворени жени, каде што присилно ѝ ја отстраниле шамијата. „Од нивните лица можеше да се забележи тортурата на која биле изложени. Имаше едно девојче од деветто одделение. Шест лица пред очите на сите други присутни, го силуваа девојчето, кое потекнуваше од едно многу религиозно семејство. Потоа го однесоа на друго место, и повеќе не се врати. Да беше живо, ќе се вратеше“, додаде таа.
- „Силувана дури и една 55-годишна жена“
Ум Мухамед рече дека откога се спротивставила на отстранувањето на нејзината шамија, била измачувана, силувана, и додаде дека била силувана дури и една 55-годишна жена.
Како што рече таа, пет или шест дена по нејзиното приведување, била ставена во самица, каде што во период од околу два и пол месеца, секој десетти ден добивала по малку леб и сирење, и со тоа живеела.
- „Можете да влезете со својата чест, но не можете да излезете со неа“
Ум Мухамед раскажа дека секоја жена, која влегува во затворите на Асадовиот режим е силувана. „Можете да влезете со својата чест, но не можете да излезете со неа“, рече таа.
- „Секојпат кога ме удираа, паѓав наземи, но ме креваа и повторно ме удираа“
Сејха ел Барудај од Хама, мајка на две деца, која била измачувана во затворите на режимот, рече дека била приведена во една контролна точка за време на нејзиното патување кон либанскиот главен град, Бејрут, заедно со нејзиниот сопруг. Таа додаде дека била судена и измачувана во некој центар за притвор со обвинение за тероризам.
„Секој пат кога ме удираа, паѓав наземи, но ме креваа и повторно ме удираа“, додаде таа.
- „Или ќе речеш дека си ги направила кривичните дела кои ти се припишани, или ќе покажеш отпор“
Барудај нагласи дека влегла во шок поради извршените тортури, и рече: „Или ќе речеш дека си ги направила кривичните дела кои ти се припишани, или ќе покажеш отпор. Јас одбрав да покажам отпор, и се заколнав дека ќе покажам отпор, било да бидам ослободена, било да бидам притворена“.
Барудај информираше дека во собата каде што била задржана, се наоѓале и три други жени, кои исто така биле обвинети со исти обвиненија. Бидејќи не ги прифатила кривичните дела, за кои биле обвинета, била однесена во една соба и рацете ѝ биле врзани со лисици.
„Ми извршија различни физички тортури. Кога се онесвестив, пуштија струја во водата што се наоѓаше на подот, и ме освестија. Во централниот затвор во Хомс, бевме пренесени 66 лица“, додаде таа, и рече дека по притворот во Хомс, биле пренесени во притворот Банон.
- „Низ скалите каде што слегов, мирисаше само на смрт и трупови“
„Кога ме однесоа во палестинскиот оддел во притворот „Банон“, вниманието ми го привлече присуството на ирански шиити. Кога слегов низ скалите за да ме носат во мојата ќелија, мирисаше само на смрт и трупови“, истакна Барудај, и додаде дека била затворена во една ќелија заедно со 43 жени, каде што останала три дена без јадење.
„Бидеќи не бев на листата, не ми дадоа порција. Другите жени го споделија (јадењето) со мене“, нагласи таа.
Барудај нагласи дека била сведок како силите на режимот наречени Ес Себат, задолжени за чистење на коридорите за судење, ги носеле труповите, и додаде дека две недели откако била пренесена во притворот Адра, била пуштена во слобода.
- „Шебихите ја отстранија мојата шамија и облека, и почнаа да ме влечат по земја пред очите на целиот кварт“
Мерјем од Хама, 24-годишна мајка на четири деца, била силувана во притворите на режимот, и била изложена на суровоста на режимот.
Мерјем рече дека, откако режимот почнал да врши насилство, отвориле една полска болница за лекување на повредените во Хамидај, каде што почнала да работи како доброволец.
Мерјем нагласи дека кога силите на режимот влегле во Хама, таа била пријавена од еден доушник на Асад. „Мојот сопруг работеше во дирекцијата за Земјоделство и сточарство. Него го фатиле, и го прашале за мене. Кога дознале дека сум негова жена, се обиделе да земат информации од него. Моите пријатели ми рекоа да бегам, но многу ми недостигаа децата“, додаде таа, и рече дека отишла во куќата на нејзината мајка и татко за да ги види нејзините деца, каде што потоа силите на режимот извршиле рација.
„Шебихите ја отстранија мојата шамија и облека, и почнаа да ме влечат по земја пред очите на целиот кварт. Ме ставија во едно оклопно возило во коешто се наоѓаа и други четири девојчиња“, истакна таа.
- Предната страна, канцеларија, задната страна, соба за силување
Таа истакна дека во канцеларијата на командирот Сулејман се наоѓале две соби, од кои едната била канцеларија, додека на задната страна се наоѓала соба за силување. „Едно девојче коешто беше силувано, остана бремено. Тоа беше силувано и додека беше бремено. Се породи во шестиот месец, а неговото дете го убија со куршум пред неговите очи“, рече Mерјем.
- „Го повикувам таткото, Реџеп Таип Ердоган, да го чуе нашиот глас“
Како што раскажа Мерјем, кога излегла од притвор, била изненадена, бидејќи наместо да ги пречекаат со насмевка и милост, тие биле понижувани поради тоа што биле силувани.
Мерјем рече дека се развела од нејзиниот сопруг по излегувањето од притвор, додека постојано добивала закани од нејзиниот брат.
„Го повикувам таткото, Реџеп Таип Ердоган, да го чуе нашиот глас. Нашиот глас допре до САД, до организациите за човекови права, но залудно, никој не сака да нè чуе. Ердоган нека им подаде рака на жените кои излегоа од притвор“, нагласи Мерјем.