Büşra Nur Bilgiç Çakmak
18 Декември 2020•Ажурирај: 20 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Највисокиот суд на Европската Унија ја поддржа забраната на Белгија за колење животни според верските прописи (халал и кошер), предизвикувајќи реакција од муслиманската и еврејската заедница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Европскиот суд за правда донесе одлука дека „принципот дека животното треба да се зашемети пред да биде убиено ја исполнува главната цел за заштита на благосостојбата на животните“.
Некои муслимански и еврејски организации се против законот воведен од фламанскиот регион во Белгија во 2017 година, со кој се забранува колење на животни без претходно зашеметување.
Муслиманските и еврејските заедници, кои сочинуваат околу 6 отсто од белгиското население, тврдат дека одлуката за забрана за колење животни без претходно да бидат зашеметени и заспиени ги ограничува верските слободи на двете заедници и не ги почитува истите.
Одлуката, исто така, претставува преседан што може да иницира слични закони низ цела Европска Унија.