Selen Temizer
06 Април 2022•Ажурирај: 07 Април 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) формираше залихи од 540 милиони евра за да се подготви против можни хемиски, биолошки и нуклеарни вонредни ситуации, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Европската комисија се наведува дека залихите ќе содржат лекови, опрема и вакцини за лекување на лица изложени на такви вонредни ситуации.
Освен тоа, во случај на потреба ќе биде ангажиран персонал и опрема за деконтаминација на луѓе, инфраструктура, згради, возила или клучна опрема изложени на овие супстанции.
Како дел од оваа одлука, ЕУ како прв чекор на Украина ѝ испрати околу три милиони таблети калиум јодид.
Побарувачката за таблети со јод во Европа се зголеми поради загриженоста за руско-украинската војна и судирите во близина на нуклеарната централа во Чернобил.