Ömer Tuğrul Çam
12 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
БРИСЕЛ (АА) - Портпаролот на Комисијата на Европската Унија (ЕУ), Питер Стано, истакна дека ЕУ може да ѝ даде поддршка на Грција за прелиминарните разговори со Турција, доколку го побара тоа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Комисијата на ЕУ, Питер Стано, на дневната прес-конференција одговори на прашањето дали постои можност ЕУ да испрати набљудувачи на прелиминарните разговори меѓу Турција и Грција.
Стано, наведувајќи дека прелиминарните разговори меѓу Турција и Грција се билатерално прашање, рече дека ЕУ очекува конструктивен став од Турција.
Посочувајќи дека се солидарни со Грција, Стано нагласи дека го истакнале тоа многу пати.
Истакнувајќи дека „солидарност“ е клучниот збор во рамките на ЕУ и дека тие се подготвени да дадат поддршка доколку некоја членка на ЕУ побара, Стано рече:
„Ако Грција сака поддршка од ЕУ во овие билатерални разговори, нашите грчки партнери знаат што да направат за да ја добијат таа поддршка.“
Соопштено е дека 61-та рунда од прелиминарните разговори меѓу Турција и Грција ќе се одржи во Истанбул на 25 јануари.